Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘Хабардов Центар’

Последниве неколку години медиумите ширум светот информираат за кризата во која се наоѓа Скиентологијата; голем број на важни членови на црквата ја напуштаат истата, откривајќи ги злоупотребите што се случуваат внатре. Сите поединечно, долгогодишни посветени Скиентолози, објавуваат дека им е преку глава и дека ја напуштаат Црквата.

Но сега, за првпат, цела Мисија објавува дека ја напушта Црквата. Се работи за Центарот Дрор во Израел, кој во опширно соопштение објави дека го офрла раководството на Дејвид Мискевиџ и официјалната Црква. Оваа мисија планира да стане дел од многубројното движење т.н. “Независна Скиентологија”. Скиентолошката Црква сеуште не дала официјален коментар.

Дани Ламбергер и сопругата Тами го основале Центарот Дрор во 1992г. Тами двапати била признаена од Црквата како најдобар аудитор на светот, во 2000 и 2002г. Минатата недела Ламбергерови отидоа во САД за да се сретнат со други членови на независното движење. Ова и даде можност на Црквата на аеродромот во Тампа да им врачи белешки со кои ги декларира за супресивни личности (жаргон што Црквата го користи за екскомуникација).

“Нашата мисија е една од малкуте на планетата која вистински успева и се шири,” вели Дани. Но сега, неговата мисија го извести Мискевиџ дека одсега натаму нема да му рапортира нему. “Ние ја напуштивме Црквата”.

Извор:

20120719-191456.jpg

Тотална слобода надвор од црквата

Скиентологијата се состои главно од мрежа на мисси и групи на поле, кои се помали но побројни од нејзините “Оргови” – кратенка за организации.

Во Израел постојат еден Орг во Тел Авив, Мисијата во Хаифа на Лембергер, две помали мисии и 4-5Аудитори на поле. Центарот Дрор кој брои 50 вработени, за мисија има здрава големина и зазема значително место во скиентолошкото присуство во Израел.

На 2ри Јануари, Лембергер го прими познатиот новогодишен емаил пратен од Деби Кук, славен поранешен извршител во Скиентологијата. Деби Кук ги запрепасти своите пријатели скиентолози со оваа долга порака полна со детали за тоа како Дејвид Мискевиџ ја води црквата во “екстремно барање на донации” и ја оддалечува од принципите на Скиентолошкиот основач, Л. Рон Хабард. Црквата ја тужеше Кук поради испраќањето на овој имејл, за подоцна да бара спогодба со која Кук ветува дека нема повеќе јавно да зборува за своите искуства.

Лембергер го препрати емаилот од Кук до менаџментот на Црквата за да добие коментар, но наместо одговор, Канцеларијата за Специјални работи (Office of Special Affairs- OSA) на Црквата го подложи на “етика”- специјален програм на испрашување, и му даде да прочита примерок од нивното списание за пропаганда – Freedom, полно со напади насочени против угледот на многубројните поранешни извршители на високо ниво во Црквата (Marty Rathbun, Amy Scobee, Tom DeVocht итн) кои во 2009г. проговорија за списанието Tampa Bay Times.

“Списанието Freedom е одвратно”, вели Лембергер. ” Има слика од Том ДеВохт како си ги чеша мадињата, демек тоа не е нешто што секој маж го прави. Имаше слика од Ејми Скоби која ја правеше да изгледа лошо. А самиот текст беше шокантен и грозен. Толку шокантен, што просто знаеш дека е лага. Чиста омараза, а еден Скиентолог никогаш не би требал да мрази.”

Како и секогаш, употребата на сопственото списание Freedom од страна на OSA како бумеранг удри по нив.

“Списанието Freedom споменува дека Марти Ратбун има свој блог. И така конечно отидов на интернет.” Како посветен 30 годишен член на Скиентологијата, Лембергер никогаш не истражувал на интернет што другите луѓе зборуваат за неговата црква, и не знаел ништо за кризата во која се наоѓа Скиентологијата.

Но сега почнал да апсорбира информации до максимум. “Открив дека светот се изменил.”

Покрај контроверзиите, сфатил дека постои брзорастечко независно движење коешто зазема неколку различни форми во Европа и во САД. И овие групи ја користат истата литература и материали како и официјалната Црква, но без повеќеслојната контрола и постојаните барања за големи донации на пари.

“Сега се се наоѓа на интернет. Целиот Мост, страната на обука и страната на аудитинг. Повеќе не постои монопол.”
Се вџашил кога открил дека целиот “Мост до тотална слобода” е достапен за секој со компјутер и интернет пристап.

Дани вели дека дошол до сознание дека целата негова Мисија може да продолжи да ги следи идеие на Хабард, но да раскрсти со самата Црква.

“Вработените во нашата мисија добро ме познаваат и мене и Тами. Сите се добро платени. Сите наши клиенти добиваат супер услуга. Се справив со новата ситуација на мој начин. Ги собрав сите вработени и им кажав за Деби Кук. Ги поттикнав сами да направат свое истражување.”

Тој цитира и директива од Хабард како оправдание за проектот за истражување. Тами додава: Како што вели Црквата “Мисли со своја глава- Think for yourself”.

“Луѓето од Мисијата почнаа да читаат за Скиентологијата на интернет и сите дојдоа до истиот заклучок – црквата е заебана. Орговите се бескорисни. Дејвид Мискевиџ е лунатик. Одлучивме да ја напуштиме Црквата.”

Advertisements

Read Full Post »

Лари Андерсон филм Ориентација

Ако сте гледале ТВ во последните три декади, веројатно сте го виделе Лари Андерсон. Се има појавено на повеќе од 30 емисии, во кои спаѓаат Чарлиевите ангели, Морк и Минди, Очајни домаќинки и Луди мажи (Mad Men). Има хостирано три квиза и има главни улоги во 8 филма.

Има играно многу улоги, но не е славен. Освен кај Скиентолозите.

Андерсон е ѕвездата во Ориентација , филмот на Скиентолошката црква од 1996г., 40-минутна промоција и главна алатка во напорите за регрутирање на црквата. Преведен на 15 јазици, се прикажува во црковните простории ширум светот, не само на потенцијални нови членови, туку и на верниците и стафовите (вработените), за да ги вовлече подлабоко во Скиентологијата.

Во драматичната кулминација на филмот, Андерсон зрачејќи правичност додека музиката се интензивира и камерата се фокусира:

„ Доколку ја напуштите собава по гледањето на овој филми никогаш повеќе не ја спомнете Скиентологијата, слободни сте да го направите тоа. Би било глупаво. Но можете да го сторите тоа. Истотака може да се фрлите од мост или да си пукате во глава. Изборот е ваш.

Но, ако не го направите тоа, ако продолжите со Скиентологијата, ние ќе бидеме многу задоволни со вас. И вие ќе бидете многу задоволни со вас.“

Сега, после 33 години како Скиентолог, последните 13 години величејќи ги доблестите на Скиентологијата и плашејќи се да ја напушти, Андерсон си заминува. Тој вели дека црквата не успеала да ги испорача духовните придобивки кои ги ветила.

Тој истотака си ги бара парите назад, околу 120 000 долари, кои како што вели се однапред платени услуги кои никогаш не ги почнал. Директива на црквата вели дека верниците може да добијат рефундација, но доколку го сторат тоа, не можат да се вратат во црквата.

Пред 11 месеци, Андерсон се сретна со претставникот на Скиентологијата, Томи Дејвис, за да дискутираат за неговото барање за рефундација. Пеесетиосумгодишниот Андерсон постави аудиорекордер на масата помежу нив.

Larry AndersonTommy Davis

Оваа 90-минутна снимка овозможува редок поглед во тоа како црквата се справува со дефектор од висок профил и неговото барање да му се вратат парите.

Дејвис го притискаше Андерсон да вети дека нема јавно да ја објави својата одлука да ја напушти Скиентологијата и дека нема да им се приклучи на критичарите на Скиентологијата. Андерсон одби, велејќи дека има право на своите пари без никакви условувања.

Андерсон вели дека црквата ги држи неговите паери на сметка. „Ги сакам тие пари назад.“

Следи аудио снимката од разговорот помеѓу Лари Андерсон и Томи Дејвис.

Дел 1

Дел 2

Дел 3

Дел 4

А во продолжение може да се насмеете со самото скиентолошко видео Ориентација:

Дел 1: Ориентација

Дел 2: Ориентација

Дел 3: Ориентација

Дел 4: Ориентација

Благодарност до TampaBay.com SP Times.

Read Full Post »