Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘култ’

Лино Бомбонато на Германската Стерн ТВ

Лино Бомбонато на Германската Стерн ТВ

Кога пријателите стануваат непријатели

Скиентологијата беше неговиот живот: Цели седум години момчето од Рајнска област беше преокупирано со култот, работејќи за истиот за многу ниска плата, па на крај дури и шпиунирајќи ги противниците на култот. Но сега,  неговата замисла за среќен скиентолошки свет почна да се руши.

Всушност, беше потребен само еден тест за личноста од почетната страница на Скиентологијата, да го направи Лино Бомбонато љубопитен во 2003 година. На пример, 15-годичниот Лино беше прашан за неговото расположение, дали спие добро или дали има тенденција да биде љубоморен. Ученикот ги одговара прашањата и ги дава своите податоци за контакт. Набрзо тој е на пат за Дизелдорф: Тој сака да ги праша за резултатите од тестот во локалната Скиентолошка црква.

Голема кариера во Скиентологијата

Но, приказната не завршува со наводниот тест за личноста, луѓето од Скиентологијата прават овој млад човек од Рајнска да се заинтересира и да стане ентузијастичен да се зачлени. Лино Бомбонато беше заинтригиран од идејата за “себе-подобрување”. Затоа, тој почна да посетува курсеви во Скиентолошката црква во Дизелдорф. Кратко потоа тој прави голема кариера во култот. Лино Bombonato се чувствува безбеден и почитуван од Скиентолозите. Во текот на тоа време, култот беше “како семејство”, вели тој денес. Младиот човек станува член на скиентолошката разузнавачка агенција, шпиои за критичарите и се обидува да ги попречи протестите од страна на противниците на култот.

Во меѓувреме, неговиот однос со родителите сè повеќе се влошува. Лино Бомбонато го одржува контактот само поради пари – бидејќи да се биде член на Скиентологијата е скапо. Бидејќи татко му е против култот, Лино Бомбонато не може да дојде до повисока позиција во рамките на организацијата. Самоубиството се јавува како последна шанса да го смени тој факт. Скиентолозите го наведуваат да верува дека тој би можел да биде повторно роден во “подобри услови”, по неговата смрт, односно кај родители кои се самите Скиентолози.

Обидот за самоубиство не успеа

На обидот за самоубиство не успева: Лино Бомбонато е најден навреме. Но сепак, младиот човек не размислува да си замине. Неговата работа како разузнавач е таа што подоцна му ги отвора очите: Всушност, тој разговара со членови на антискиентолошката организација, со единствена цел да ги шпионира. Но, контактот станува се поблизок.

Кога Скиентологијата почна да се сомнева, Лино Бомбонато мора да се оправда себе си пред луѓето на повисоки позиции во култот, во т.н. етички сесии. Во текот на овие сесии, тој е поврзан со детектор за лага. Поради неговите разговори со противник на Скиентологијата, Лино Бомбонато се одлучува да лаже за време на тестот. Уредот не детектира дека лаже. Лино Бомбонато е во шок – тој навистина беше силно убеден во функционалноста на уредот.

Пријателот го предава Лино Бомбонато

Се доверува за своите сомнежи на својот пријател – но тој го предава . Скиентологијата го осудува Лино Бомбонато на понатамошни етички сесии. На крајот на мај 2009 година неговата одлука е донесена: На 22-години (во тоа време) одлучува да го напушти култот. Лично оди во Скиентолошката црквата и ја објавува својата одлука. Членовите на култот реагираат ладно- изгледа како никој да не се интересира за Лино Бомбонато. “Тоа беше еден горчлива реализација, фактот дека ме третираат како некој кој одеднаш не вреди ништо”, младиот човек изјавува денес.

По својот излез Лино Бомбонато се соочува со фактот дека не поседува ништо: Тој е 8.000 € во долгови со банката и мора да го исплати кредитите земени со цел да го финансира своето членство во култот. Тој нема образование. Тој испадна по средно училиште. Седум години од својот живот потрошени на ништо.

Eкс-членот се свртува кон иднината

Скиентологијата доби речиси сè од овој 23-годишник – и сеуште култот не го остава на мир. Скиентолозите се обидуваат да го уништаТ неговиот углед на интернет, користат лични податоци против него. И покрај ова, Лино Бомбонато се свртува кон иднината: Тој сака да ги плати своите долгови. И тој сака да научи професија – по можност каде што тој ќе може да помага на други луѓе.

Advertisements

Read Full Post »

За да разберете што е Скиентолошката религија, прво мора да стекнете разбирање за нејзиниот основач. Официјалната биографија на Црквата го прикажува Хабард како хуманист, едукатор, светски истражувач, артист, философ и пред сé, спасител на човештвото. Но, реалноста ни дава поинаква, мрачна слика. Преку увид во неговите лични дневници, неговото школско и воено досие, и од кажувањата на неговата сопствена фамилија, добиваме многу поинаква слика: длабоко параноична единка, очајна да го смести своето име во книгите по историја, притоа правејќи милиони долари, промовирајќи го својот бренд на поп психологија.

L. Ron Hubbard

Л. Рон Хабард е американски писател на научна фантастика од Небраска, кој пред креирањето на својата религија бил познат по неговиот фокус во научната фантастика. Тој се здобива со одредена едукација во универзитетот Џорџ Вашингтон, запишувајќи се во 1930г. во програмата за граѓански инженеринг. Но, неговиот академски успех е значително слаб, и следната година е исфрлен од школото.

За време на Втората Светска Војна, Л. Рон Хабард служи како морнарички офицер, но постојано бива отстрануван од раководни позиции поради некомпетентност. Во Јуни 1943г., е подложен на дисциплинско сослушување. Хабард по трет пат е отстранет од раководство откако го закотвува својот брод во Коронадо островите, кои се во територија на Мексико, и таму продолжува да  изведува воени вежби. Мексиканските служби поднесуваат официјална жалба. Ова, заедно со неговиот неуспех да ј следи наредбата да се врати во базата,го  води до Истражен Одбор. Одборот одлучува дека Хабард не ги испочитувал наредбите и  е префрлен на други задолженија.

Откако е отпуштен од морнарицата, Хабард воглавно се ангажира во научна фантастика. Л. Рон Хабард добива одредено ниво на признание за неговата работа во научната фантастика, но пишувањето за еден цент по збор, не е неговата идеја за успех.

Не можеш да се збогатиш пишувајќи научна фантастика. Ако сакаш да се збогатиш, отпочни сопствена религија.

Одговорот на Л. Рон Хабард на прашање од публиката за време на состанок на Источната Асоцијација за Научна Фантастика (7ми Ноември 1948), цитирано во сведоштвото на Сем Москович во 1994г.“

Некое време по војната, Хабард се сретнува со Џек Парсонс, професор по аеронаутика во Калтек и приврзаник на британскиот окултист Алистер Кроули. Хабард успева да се всели кај Парсонс кој живее со неговата девојка Сара Нортруп. Парсонс, кој е Сатанист, го воведува Хабард во ритуална магија. Скиентолошката Црква не негира дека ова се случило, но тврди дека Хабард всушност работел како таен агент во мисија да стави крај на наводните магиски активности на Парсонс и да ја „спаси“ Сара Нортруп, која Парсонс ја користел во неговите Сатански ритуали. Всушност, Хабард во своите скиентолошки предавања  го опишува Парсонс како негов пријател, а не како лице под негова истрага. Интересно е и да се спомене дека Хабард покасно се зема со девојката која вели дека ја спасил од Парсонс. Сара Нортруп станува втора ѓена на Хабард во Август 1946г. (станува збор за чин на бигамија, бидејќи Хабард веднаш по морнарицата ја напушта својата прва жена и деца, но не бил разведен). Набрзо потоа, ја објавува Дијанетиката.

Можеме само да претпоставуваме како фактички Л. Рон Хабард ја развил својата „наука“, Дијанетиката. Билокакви сведоштва и документи од неговите експерименти никогаш не се презентирани, ниту пак се докажани било кој од методите кои ги користел за да  дојде до своите теории за умот. Според Црквата, зачетоците на Дијанетиката се серијата на клеточни експерименти, кои наводно ги вршел во 1937г. Тие експерименти наводно покажувале дека поривот за опстанок доминирал над секој друг можен животен порив.

Ова било пресврт во дотогашната тероија дека животот не е ништо друго освен игра на среќа. Спротивно на Дарвиновата тероија на еволуција, која дава важност на опстанокот единствено од аспект на природна селекција, Хабард изјавува дека опстанокот доаѓа од „интелигенција“ надвор од шемата на животот. Хабард изјавува дека целиот живот е раководен од една команда: опстани. Но како да се опстане? Хабард морал да изнајде практично решение. Неговиот прв голем чекор кон такво нешто, и следствено кон Дијанетиката, е направен во 1945г. за време на Втората Светска Војна. Хабард, кој во тоа време е полковник во американската војска, наидува на 15 бивши воени затвореници, кои по изгладнувачкиот режим не биле способни да апсорбираат протеин и покрај сите можни третмани.

Хабард, заинтригиран од ова, заклучил дека умот го контролира телото, а не обратно, и дека умот моѓе да создаде ментални пречки кои спречуваат ендокриниот систем да реагира на третманот. Од друга страна, ако та ментална пречка е отстранета, проблемот би бил решен. Ова станува првиот принцип во Дијанетиката.

Зборот „дијанетика“ доаѓа од грчиот збор диа (низ, преку) и ноус (ум или мисла). Хабард ја формулира Дијанетиката врз база на премисата дека умот е тој што реагира на примарната команда за опстанок, и го контролира животот во напорот за опстанок.

Тврдејќи дека го открил изворот за повеќето проблеми на човекот, Хабард се зафаќа да ја претвори Дијанетиката во неинвазивна терапевтска наука која може успешно да ги излечи сите типови на неврози, психосоматски болести и психози.

ИЗВОД ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ НА Л. РОН ХАБАРД

L. Ron Hubbard College Transcript

МОРНАРИЧКО ДОСИЕ НА Л. РОН ХАБАРД

L. Ron Habard{s Naval Record

Read Full Post »

Лари Андерсон филм Ориентација

Ако сте гледале ТВ во последните три декади, веројатно сте го виделе Лари Андерсон. Се има појавено на повеќе од 30 емисии, во кои спаѓаат Чарлиевите ангели, Морк и Минди, Очајни домаќинки и Луди мажи (Mad Men). Има хостирано три квиза и има главни улоги во 8 филма.

Има играно многу улоги, но не е славен. Освен кај Скиентолозите.

Андерсон е ѕвездата во Ориентација , филмот на Скиентолошката црква од 1996г., 40-минутна промоција и главна алатка во напорите за регрутирање на црквата. Преведен на 15 јазици, се прикажува во црковните простории ширум светот, не само на потенцијални нови членови, туку и на верниците и стафовите (вработените), за да ги вовлече подлабоко во Скиентологијата.

Во драматичната кулминација на филмот, Андерсон зрачејќи правичност додека музиката се интензивира и камерата се фокусира:

„ Доколку ја напуштите собава по гледањето на овој филми никогаш повеќе не ја спомнете Скиентологијата, слободни сте да го направите тоа. Би било глупаво. Но можете да го сторите тоа. Истотака може да се фрлите од мост или да си пукате во глава. Изборот е ваш.

Но, ако не го направите тоа, ако продолжите со Скиентологијата, ние ќе бидеме многу задоволни со вас. И вие ќе бидете многу задоволни со вас.“

Сега, после 33 години како Скиентолог, последните 13 години величејќи ги доблестите на Скиентологијата и плашејќи се да ја напушти, Андерсон си заминува. Тој вели дека црквата не успеала да ги испорача духовните придобивки кои ги ветила.

Тој истотака си ги бара парите назад, околу 120 000 долари, кои како што вели се однапред платени услуги кои никогаш не ги почнал. Директива на црквата вели дека верниците може да добијат рефундација, но доколку го сторат тоа, не можат да се вратат во црквата.

Пред 11 месеци, Андерсон се сретна со претставникот на Скиентологијата, Томи Дејвис, за да дискутираат за неговото барање за рефундација. Пеесетиосумгодишниот Андерсон постави аудиорекордер на масата помежу нив.

Larry AndersonTommy Davis

Оваа 90-минутна снимка овозможува редок поглед во тоа како црквата се справува со дефектор од висок профил и неговото барање да му се вратат парите.

Дејвис го притискаше Андерсон да вети дека нема јавно да ја објави својата одлука да ја напушти Скиентологијата и дека нема да им се приклучи на критичарите на Скиентологијата. Андерсон одби, велејќи дека има право на своите пари без никакви условувања.

Андерсон вели дека црквата ги држи неговите паери на сметка. „Ги сакам тие пари назад.“

Следи аудио снимката од разговорот помеѓу Лари Андерсон и Томи Дејвис.

Дел 1

Дел 2

Дел 3

Дел 4

А во продолжение може да се насмеете со самото скиентолошко видео Ориентација:

Дел 1: Ориентација

Дел 2: Ориентација

Дел 3: Ориентација

Дел 4: Ориентација

Благодарност до TampaBay.com SP Times.

Read Full Post »