Feeds:
Написи
Коментари

Archive for the ‘Што е Скиентологија?’ Category

Science fictionПрвата официјална Скиентолошка црква е основана од Л Рон Хабард, во 1953г. во Камден, Њу Џерси. Но веќе пред тоа, системот на верување бил во голема мера развиен. Основата на скиентолошките верувања може да се пронајде во публикацијата на Дијанетиката три години претходно.

Црквата се базира на збир од идеи во врска со умот, телото и духот, кои сумирани ја прават„Скиентологијата“. Овој сет од верувања содржи многу елементи од Дијанетиката, Хабардовиот претходен систем на само-помош, кој доживеа голем комерцијален успех со издавањето во 1950г. Скиентолозите веруваат дека човекот поседува два одделни ума. Аналитичкиот ум е делот од умот кој размислува, набљудува податоци, и решава проблеми. Има стандардни банки на меморија со цел да носи одлуки ои водат кон опстанок. Вториот ум е Реактивниот ум. Кога едно лице е „несвесно“, реактивниот ум прецизно ги снима сите перцепции од таа случка, како и тоа што се случува или што е кажано во близина на лицето. Истотака тој ја снима целата болка и ја архивира оваа ментална слика во сопствени банки на меморија, кои не се достапни при свесно присетување на лицето, и не се под негова контрола. Реактивниот ум не ја архивира меморијата каква што е. Тој архивира специфични видови на емнтални слики, наречени енграми. Овие енграми претставуваат комплетна снимка до последниот детал, на секој перцепција која е присутна во момент на делумна или комплетна „несвесност“.

Енграмите кои постојат во Реактивниот ум, предизвикуваат да се однесуваме нерационално, или спротивно на нашиот порив за опстанок. Преку „аудитингот“, кој е процес на духовна „терапија“ која се одвива во еден-на-еден приватни сесии во Црквата, Скиентологијата тврди дека може да се исчистиме од нашите Реактивните умови, и да постигнеме повисоко ниво на свесност наречено „Клиер“. Состојбата на Клиер означува комплетно бришење на нашиот Реактивен ум, и наводно ќе не ослободи од какви и да се претходни болни последици.

Штом се стане Клиер, Скиентологот е далеку од готов. Хабард создал серија на постепени тренинг рутини, наречени ОТ (Оперативен Тетан) степени (зборот „тетан“ е скиентолошки термин за дух или човечка душа). Ова е познато како напредување по „Мостот кон тотална слобода“. Секое ниво станува се поскапо и поскапо, но тврди дека резултира во повисоки и повисоки состојби на свесност. Скиентолозите веруваат дека Оперативните Тетани се здобиваат со надприродни способности, како екстериоризација на духот надвор од телото, самолекување, далекувидост и најважно, апсолутна моќ над материјата, енергијата, просторот и времето.

Контроверзијата што постои постои последните 50 години од самите почетоци на Црквата, не е поврзана со овие учења, туку со безбројните директиви кои Л Рон Хабард ги има воведено низ времето, со цел да се справи критичарите, како и со обидите на Скиентологијата да го прикрие овој високо профитабилен бизнис под плаштот на религијата. Скиентологот за да достигне „целосна духовна слобода“, вообичаено треба да вложи над 300 000 долари за касети, книги, серија предавања, аудитинг сесии и курс материјали; сите овие нешта имаат поединечно утврдени цени. Друго прашање е озлогласениот карактер на парничење на Црквата. Ова е очигледно од фактот дека Црквата има поднесено над две илјади поединечни судски тужби против ИРС и уште многу други против индивидуални критичари.

Некој еден ден ќе каже ’ова е илегално’. Дотогаш, осигурајте се Црквата да кажува што е легално, а што не е.
-Л Рон Хабард, ХКК ДР од 4 Јану 1966, „ЛРХ врски кон Орговите“

Л Рон Хабард Јуниор, синот на Л Рон Хабард, бил Извршен Секретар на Скиентолошката Црква. Тој ја напушта Црквата во 1959г. поради татковата автократска и своеволна контрола врз Скиентологијата, за која тврди дека често водела кон насилство.

Л Рон Хабард Јуниор почнал да се вознемирува поради својата вмешаност во овие работи и конечно бил убеден од својата сопруга да си замине. За да го избегне малтретирањето од Скиентолошката Црква, во 1972г. си го менува името во Роналд ДеВулф. Во својата декларација, тој сведочи:

Роналд ДеВулф

„Татко ми од секогаш гледаше на Скиентологијата и аудитингот како на чиста наука, а не религиозно ’верување’ или верба. Ние редовно дававме ветувања и дистрибуиравме изданија со ’научни гаранции’. Ова одсекогаш беше редовна пракса. Татко ми и јас создадовме ’религиозен фронт’ едиствено поради даночни цели и легална заштита против ’тужби поради измама’. Ние скоро на сите им кажувавме дека Скиентологијата е всушност наука, а не религија, и дека религиозниот фронт беше создаден за да се справиме со владата.“
-Роналд ДеВулф алијас Л Рон Хабард Јуниор (син на Л Рон Хабард), Декларација во судската постапка Schaick против Црквата на Скиентологија, Локален Суд на САД, бр. 79-2491

Според Л Рон Хабард Јуниор и многу други екс-членови, Црквата продолжува да ги следи агресивните полиси пропишани од Л Рон Хабард пред неговата смрт на 24 Јануари, 1986г. Дејвид Мискевиџ, претседател на Одборот на Религиозниот Технолошки Центар, е моменталниот „лидер“ на Скиентологијата. Мискевиџ бил добар пријател со Л Рон Хабард во неговите последни денови и покажува прилично многу од параноидните, агресивни и нестабилни карактерни црти на својот претходник.

ПОСМРТНИЦА НА Л РОН ХАБАРД

L Ron Hubbard death certificate

Read Full Post »