Feeds:
Написи
Коментари

Archive for the ‘Вести од медиумите’ Category

Рација на Скиентолошкото седиште во Торино: Откриена тајна архива со информации за секс, здравје, и политика

Police raid of Scientology org in Turin, Italy

20 мај 2010

Скиентологијата е под истрага од страна на канцеларијата на обвинителот во Торино. Опремени со судски нналог, мобилната полиција спроведе рација во седиштето на верска организација во Торино. Според извештајот од Ла Стампа, иследниците ги барале личните досиеја направени за членовите, како и за непријателите на Скиентологијата.

За девет часа, полицијата ги пребаруваше канцелариите лоцирани на Виа Берсецио. Во подрумот, скриени зад заклучена врата, инспекторите ги пронашле тајните архиви со датотеки на судии, полицајци, новинари и роднини на поранешни следбеници.

Нивната содржина сега се испитува од страна на судството, но дневниот весник на Торино објави дека датотеките се преполн со чувствителни информации за сексот, здравствената состојба и политиката. Листови А4 формат полни со чудни акроними и разбирливи само за свештениците од култот, кои ги заведуваат на овие страници резултатите од е-метар сесиите, специјално распрашување кое наводно и овозможува на Скиентологијата да ја разбере духовната состојба на пациентите.

Сомневањето за кривично дело се однесува на повреда на стандардите за ракување со чувствителните податоци.
Извор: Газета Ди Парма

Во продолжение е дадено во кратки црти е интервјуто со поранешниот скиентолог кој работел 8 години во Торино Скиентолошката црква.
Извор:
прва страна: Прв дел од интервју

втора страна: Втор дел од интервју

По неговото заминување, поранешниот скиентолог доби закани дека негоивите тајна и злосторства ќе бидат откриени. Ова би било непријатно, но повредил многу луѓе, лоши работи, и има спомени кои постојано го разбуди ноќе.

На ex-скиентологот има околу 50 години.

Еx-скиентологот објаснува дека COS (скиентолошката црква) има фајлови со интимни признанија направени за многу луѓе, како и тајните фајлови на непријателите Скиентологијата. Вториот тип на фајлов веројатно се чуваат во домовите на лицата соучесници.

Примери на непријателите, за кои има COS датотеки се поранешен спикер на парламентот Лучијано Виоланте , д-р Луиџи Сиоти, судијата Милан, и еден татко кој се обидува да ја ослободи неговата ќерка од Скиентологијата. Истражниот метод е да се најдат злосторствата на лицето и да се најдат непријателите на лицето. Во некои случаи, се користени платени приватни истражители.

Еx-скиентологот дава пример на еден човек кој бил уценуван со добивањето на анонимно писмо со неговите лични информации, вклучувајќи го и фактот дека тој уживал да носи женска облека.

Вториот тип на фајлови: Во организација Торино најмалку 20 години наназад се чуваат истите, и имаат речиси 20.000 папки, некои од лицата кои само купиле една книга. Досиејата чувани под клуч се однесуваат на персоналот, на лицата кои биле предмет на истрага , како и на “специјални операции”.

Лучијано Виоланте се смета за непријател затоа што тој јавно ја нападнал Скиентологијата. А лажен новинар бил испратен да го интервјуира и било направено досие за изјавеното.

Луиџи Сиотие “бил истражуван”, бидејќи тој јавно го критикувал Нарконон.

Сите информации составена од Торино COS се преведени и предадени во седиштето на скиентолошката црква во САД.

Еx-скиентологот спомнува жена- судија, родена во Торино, кој работи за канцеларија на обвинителот на Милан. Истрагата за нејзиното потекло вклучила наоѓање на нејзината дипломска теза, интервјуирање на нејзините непријатели, проучување на договори ко ги има дадено, и многу интересни работи биле пронајдени.

Датотеките најчесто се користат само за да се обезбеди знаење за луѓето, но информацијата е понекогаш објавена во печат или на интернет. Целта е да се убеди непријателот да се држи настрана.

Едно лице беше одговорно за составувањето на датотеки и ова лице исто така беше одговорен за опоравување на луѓе кои ја напуштиле скиентологијата.

Околу 700 лица се во Торино организацијата. Вработените во просек работат 3 или 4 години.

Приходите на Торино оргот (организацијата) се приближно 35.000 € неделно во просек, околу еден милион евра годишно.

Запрашан зошто проговорува за ова, поранешниот скиентолог одговори: “Бидејќи се срамам од она што бев и правев.”

Запрашан дали тој се плаши, поранешниот скиентолог одговори дека тој се плаши повеќе од американските скиентолози отколку од италијанските бидејќи таму се случуваат мистериозни смртни случаи поврзани со скиентологијата.

Advertisements

Read Full Post »

Следи ПРЕС ИЗЈАВА од АНОНИМУС, движењето кое протестира против злочините и кршењето на човечките права од страна на Скиентолошката организација.

Anonymous

Анонимус

Над 1.000 поранешни членови на Црквата на Скиентологијата проговорија јавно против т.н. црква, според листата истражувана и составенa од Анонимус во текот на изминатата година и најавена на 11 април, 2010 година.

Лицата на списокот зборуваат под нивните вистински имиња против злоупотребите кои ги виделе и ги доживеале во рамките на т.н. црква и покрај тоа што подложат на “Скиентолошката фер игра” политика, која им дава дозвола на членовите да ги уништат нејзините критичари. Фактот дека повеќето поранешни членови никогаш не зборуваат против црквата, во голема мера се должи на оваа политика.

Приказните, изјавени од страна на овие екс-членови се слични на откровенијата направени неодамна од страна на поранешни членови кои зборуваат против Скиентологијата во високо-видливи статии во Њујорк тајмс, во Санкт Петерсбург тајмс “, а неодамна, во Си-Ен-Ен серијалот од пет дела на Андерсон Купер, 360. Според Црквата на Скиентологијата, овие поранешни членови се “лажговци” и “апостати” со агенда да ја уништат црквата. Анонимус прашува дали Скиентологијата, исто така, ќе ги наречелажговци сите 1.000 од овие поранешни членови.

Листата, кој продолжува да расте секојдневно, содржи многу имиња на поединци, кои повеќе не практикуваат Скиентологијата, како и многу други што сеуште практикуваат.

Заедничко за сите е дека секој од нив одлучи да истапи напред и да му каже на светот што се случило во времето кога биле дел од Скиентологијата организација. Иако нивните средини варираат во голема мера, нивните приказни се слични и многу од темите содржат: ригидна контрола на информации, присилно исклучување од најблиските кои се критични на групата, сурови кампањи да се измолзат пари од членовите, физичка и емоционална злоупотреба на деца и возрасни, робовски кампови дизајнирани да се зајакне индоктринацијата, и многу други вознемирувачки практики.

Нивните грозоморни приказни доаѓаат од голем број земји во целиот свет и се случуваат со децении.

Анонимус сега го слави составувањето и објавувањето на 1.000-те припадници на листата на човечки гласови кои не се можат повеќе да се замолчат, и никогаш повторно нема да бидат сами. Може да се најдат на онлајн листата тука: http://wiki.whyweprotest.net/Former_Church_of_Scientology_members_who_have_spoken_out

Сите преостанати жртви или набљудувачи на злоупотреба во рамките на Скиентолошката организација се поканети да проговорат и да ги додадат своите имиња и своите пораки.

Се надеваме дека храброста прикажана од оние имиња на оваа листа, ќе охрабри повеќе луѓе да истапат со своите приказни на злоупотреба, и на крајот да спречат ваквите злоупотреби да се случува повторно.

Од февруари 2008 година, Анонимус протестираше против злосторствата и злоупотребите на “Скиентолошката црква” и нејзините бројни пред-групи. Овие протести, како и напорите за подигање на јавната свест како што е оваа Листа, ќе продолжи.

Ние сме Анонимус
Ние сме легија
Ние не простуваме
Ние не забораваме
Очекувајте не.

Read Full Post »

scientology library

Скиентолошка библиотека

Москва, 21 април, Интерфакс – На иницијатива на Обвинителската канцеларијата за транспорт во Сургут, материјалите на основачот на Скиентологијата, Рон Хабард, беа признати како екстремистички и забранети во Русија, известуваат од Канцеларијата на обвинителството.

Во согласност со законодавството, тие ќе бидат вклучени во Руската федерална листа на екстремистички материјали.

Обвинителската канцеларијата за транспорт во Сургут и царината од Ханти-Мансијск извршија заедничка проверка за да откријат кои се различните примачи во Сургут на испораки од САД преку меѓународна пошта со литература, аудио и видео дискови од Скиентологијата (од Л. Рон Хабард.)

Информативните материјали беа конфискувани и испратени на испитување до религиозните експерти на Советот при Гувернерот на Ханти-Мансијск, каде што експерти по психијатрија, психологија и социологија заклучи дека материјалите треба да бидат спречени да се шират, бидејќи истите ја поткопуваат традиционалната основа на духовен живот на граѓаните во Руската Федерација. ”

Обвинителската канцеларијата за транспорт во Сургут апелираа до судот да ги признае конфискуваните материјали како екстремистички.

На резултатите од спроведената психо-лингвистичка експертиза, беше потврдено дека материјалите “содржат евидентен и скриен апел за социјални и верски раздор, на промовирање на ексклузивноста, супериорноста или недостатоците на личноста врз основа на неговата или нејзината социјална и верска припадност и односот кон религијата, повикува на попречување на законските активности на државните органи, вклучувајќи и судски и за спроведување на законот, повикува на вршење злосторства мотивирани од идеолошка и верска омраза. “

Read Full Post »

Лино Бомбонато на Германската Стерн ТВ

Лино Бомбонато на Германската Стерн ТВ

Кога пријателите стануваат непријатели

Скиентологијата беше неговиот живот: Цели седум години момчето од Рајнска област беше преокупирано со култот, работејќи за истиот за многу ниска плата, па на крај дури и шпиунирајќи ги противниците на култот. Но сега,  неговата замисла за среќен скиентолошки свет почна да се руши.

Всушност, беше потребен само еден тест за личноста од почетната страница на Скиентологијата, да го направи Лино Бомбонато љубопитен во 2003 година. На пример, 15-годичниот Лино беше прашан за неговото расположение, дали спие добро или дали има тенденција да биде љубоморен. Ученикот ги одговара прашањата и ги дава своите податоци за контакт. Набрзо тој е на пат за Дизелдорф: Тој сака да ги праша за резултатите од тестот во локалната Скиентолошка црква.

Голема кариера во Скиентологијата

Но, приказната не завршува со наводниот тест за личноста, луѓето од Скиентологијата прават овој млад човек од Рајнска да се заинтересира и да стане ентузијастичен да се зачлени. Лино Бомбонато беше заинтригиран од идејата за “себе-подобрување”. Затоа, тој почна да посетува курсеви во Скиентолошката црква во Дизелдорф. Кратко потоа тој прави голема кариера во култот. Лино Bombonato се чувствува безбеден и почитуван од Скиентолозите. Во текот на тоа време, култот беше “како семејство”, вели тој денес. Младиот човек станува член на скиентолошката разузнавачка агенција, шпиои за критичарите и се обидува да ги попречи протестите од страна на противниците на култот.

Во меѓувреме, неговиот однос со родителите сè повеќе се влошува. Лино Бомбонато го одржува контактот само поради пари – бидејќи да се биде член на Скиентологијата е скапо. Бидејќи татко му е против култот, Лино Бомбонато не може да дојде до повисока позиција во рамките на организацијата. Самоубиството се јавува како последна шанса да го смени тој факт. Скиентолозите го наведуваат да верува дека тој би можел да биде повторно роден во “подобри услови”, по неговата смрт, односно кај родители кои се самите Скиентолози.

Обидот за самоубиство не успеа

На обидот за самоубиство не успева: Лино Бомбонато е најден навреме. Но сепак, младиот човек не размислува да си замине. Неговата работа како разузнавач е таа што подоцна му ги отвора очите: Всушност, тој разговара со членови на антискиентолошката организација, со единствена цел да ги шпионира. Но, контактот станува се поблизок.

Кога Скиентологијата почна да се сомнева, Лино Бомбонато мора да се оправда себе си пред луѓето на повисоки позиции во култот, во т.н. етички сесии. Во текот на овие сесии, тој е поврзан со детектор за лага. Поради неговите разговори со противник на Скиентологијата, Лино Бомбонато се одлучува да лаже за време на тестот. Уредот не детектира дека лаже. Лино Бомбонато е во шок – тој навистина беше силно убеден во функционалноста на уредот.

Пријателот го предава Лино Бомбонато

Се доверува за своите сомнежи на својот пријател – но тој го предава . Скиентологијата го осудува Лино Бомбонато на понатамошни етички сесии. На крајот на мај 2009 година неговата одлука е донесена: На 22-години (во тоа време) одлучува да го напушти култот. Лично оди во Скиентолошката црквата и ја објавува својата одлука. Членовите на култот реагираат ладно- изгледа како никој да не се интересира за Лино Бомбонато. “Тоа беше еден горчлива реализација, фактот дека ме третираат како некој кој одеднаш не вреди ништо”, младиот човек изјавува денес.

По својот излез Лино Бомбонато се соочува со фактот дека не поседува ништо: Тој е 8.000 € во долгови со банката и мора да го исплати кредитите земени со цел да го финансира своето членство во култот. Тој нема образование. Тој испадна по средно училиште. Седум години од својот живот потрошени на ништо.

Eкс-членот се свртува кон иднината

Скиентологијата доби речиси сè од овој 23-годишник – и сеуште култот не го остава на мир. Скиентолозите се обидуваат да го уништаТ неговиот углед на интернет, користат лични податоци против него. И покрај ова, Лино Бомбонато се свртува кон иднината: Тој сака да ги плати своите долгови. И тој сака да научи професија – по можност каде што тој ќе може да помага на други луѓе.

Read Full Post »

Гледајте го видеото од конференцијата во Лос Ангелес, САД, каде повеќе екс-скиентолози го кажуваат своето долгогодишно искуство и злоупотребите и криминалот во редовите на високиот менаџмент во Скиентологијата.
ScilonTV

Read Full Post »

Лари Андерсон филм Ориентација

Ако сте гледале ТВ во последните три декади, веројатно сте го виделе Лари Андерсон. Се има појавено на повеќе од 30 емисии, во кои спаѓаат Чарлиевите ангели, Морк и Минди, Очајни домаќинки и Луди мажи (Mad Men). Има хостирано три квиза и има главни улоги во 8 филма.

Има играно многу улоги, но не е славен. Освен кај Скиентолозите.

Андерсон е ѕвездата во Ориентација , филмот на Скиентолошката црква од 1996г., 40-минутна промоција и главна алатка во напорите за регрутирање на црквата. Преведен на 15 јазици, се прикажува во црковните простории ширум светот, не само на потенцијални нови членови, туку и на верниците и стафовите (вработените), за да ги вовлече подлабоко во Скиентологијата.

Во драматичната кулминација на филмот, Андерсон зрачејќи правичност додека музиката се интензивира и камерата се фокусира:

„ Доколку ја напуштите собава по гледањето на овој филми никогаш повеќе не ја спомнете Скиентологијата, слободни сте да го направите тоа. Би било глупаво. Но можете да го сторите тоа. Истотака може да се фрлите од мост или да си пукате во глава. Изборот е ваш.

Но, ако не го направите тоа, ако продолжите со Скиентологијата, ние ќе бидеме многу задоволни со вас. И вие ќе бидете многу задоволни со вас.“

Сега, после 33 години како Скиентолог, последните 13 години величејќи ги доблестите на Скиентологијата и плашејќи се да ја напушти, Андерсон си заминува. Тој вели дека црквата не успеала да ги испорача духовните придобивки кои ги ветила.

Тој истотака си ги бара парите назад, околу 120 000 долари, кои како што вели се однапред платени услуги кои никогаш не ги почнал. Директива на црквата вели дека верниците може да добијат рефундација, но доколку го сторат тоа, не можат да се вратат во црквата.

Пред 11 месеци, Андерсон се сретна со претставникот на Скиентологијата, Томи Дејвис, за да дискутираат за неговото барање за рефундација. Пеесетиосумгодишниот Андерсон постави аудиорекордер на масата помежу нив.

Larry AndersonTommy Davis

Оваа 90-минутна снимка овозможува редок поглед во тоа како црквата се справува со дефектор од висок профил и неговото барање да му се вратат парите.

Дејвис го притискаше Андерсон да вети дека нема јавно да ја објави својата одлука да ја напушти Скиентологијата и дека нема да им се приклучи на критичарите на Скиентологијата. Андерсон одби, велејќи дека има право на своите пари без никакви условувања.

Андерсон вели дека црквата ги држи неговите паери на сметка. „Ги сакам тие пари назад.“

Следи аудио снимката од разговорот помеѓу Лари Андерсон и Томи Дејвис.

Дел 1

Дел 2

Дел 3

Дел 4

А во продолжение може да се насмеете со самото скиентолошко видео Ориентација:

Дел 1: Ориентација

Дел 2: Ориентација

Дел 3: Ориентација

Дел 4: Ориентација

Благодарност до TampaBay.com SP Times.

Read Full Post »

Превземено од www.365.com.mk

По повод протестите на групата Anonymous на улиците во Лондон одлучивме да ги поддржиме и виртуелно да се придружиме на иницијативата да се искорени овој култ глобално. Повеќе за сите оние што сакаат да дознаат што навистина претставува Скиентологијата.

Што е Скиентологија? На што не учи таа?

Многу од граѓаните на Македонија воопшто не се свесни за нејзиното постоење, ниту за опасностите од неа. Деновиве, кога таа е во центарот на светските медиуми и низ улиците на Скопје во форма на „бесплатен стрес тест“, решивме да направиме детално истражување за суштината и целта на Скиентологијата, пред граѓаните да го оправдаат и прифатат, односно осудат нејзиното постоење.

Скиентологијата ја сочинуваат селектирани принципи и методи на психоаналитички, медицински, филозофски и религиозни учења и поврзани техники, развиени од американскиот автор Лафајет Рон Хабард. Низ период од 30 години, почнувајќи од 1952 година, таа се стекнува со провокативната дескрипција – филозофија за самопомош, односно систем за само-лекување познат како Дијанетика. Хабард развил една егзактна методологија која треба да им помага на луѓето да станат свесни за нивната духовна егзистенција, да научат да живеат повеќе животи симултано, а со тоа да станат и поефективни во физичкиот свет. Името „Скиентологија“ (анг. Scientology) се однесува на контроверзната „Црква на Скиентологијата“, најголемата организација која го промовира учењето на Скиентологијата.

Потврдена цел на Скиентологијата е да го „рехабилитира“ тетанот(груб еквивалент на човечка душа), со што душата повторно би се стекнала со основната состојба на „целосна слобода“. Иако некои групи и неколку влади ја прифаќаат Скиентологијата како bona fide (лат. добра волја) религија, „Црквата на Скиентологија“ не е ништо помалку од сериозно развиен култ на алчноста, кој се прикрива под терминот религија, понекогаш и под псевдорелигија, односно транснационална корпорација.

Таа спроведува разновидни техники за контрола на умот на луѓе кои се намамени во нејзината средина, како би можела да се здобие со контрола на нивните животи. Главно, нејзина цел е да стигне до материјалното, конкретно до финансискиот извор на приклонетите поединци, или пак истите да ги зароби во „компензација“ за нивниот труд кој речиси никогаш не е реципрочен.

Од многуте изјави во врска со оваа религија, би сакале да ја цитираме можеби најпознатата реченица на основачот на Скиентологијата Л. Рон Хабард, кој вели: „Пишување по еден збор за едно пени е смешно. Ако човек сака да направи милион долари, најдобриот начин е да започне негова сопствена религија.“

Потекло на Скиентологијата

Очигледно е дека основоположникот на Скиентологијата, Л. Рон Хабард, при креирањето на „Црквата на Скиентологија“ искористил голем број претходно постоечки идеи, иако презентирал многу малку цитати или коментари за изворите кои му помогнале, го упатиле или го инспирирале. „Црквата на Скиентологија“ себе се презентира како комплетно оригинално дело, а „изворот“или творецот е Хабард лично.

Таа рекапитулира, создава и се води од идеите кои Хабард ги претставил во Дијанетиката, поранешен систем на техники за самоподобрување, земени од неговата книга „Дијанетика: Модерна наука за менталното здравје“, печатена во 1950 година. Во тоа колку Дијанетиката е модерна денес, по повеќе од 50 години, не би навлегувале. Хабард го признава влијанието на Aleister Crowley и системот на генерална семантика, кој во триесеттите години на минатиот век е развиен од Alfred Korzybiski, и кој бил прилично влијателен во тогашната научно-фантастична субкултура. Во Скиентологијата се забележува влијанието на Хинду концептот за карма, како и психолошките теории на Зигмунд Фројд, Карл Јунг и Вилијам Саргант, а во голем дел таа наликува и на Будизмот.

Социологот Дејвид Г. Бромли од институтот во Вирџинија ја опишува Скиентологијата како „квази-религиозна терапија“ која наликува на Фројдовска „длабинска психологија“.

Верувања и практика

Учењата на Скиентологијата се структуирани во серија нивоа кои го рефлектираат верувањето на Хабард дека рехабилитацијата се одвива „чекор по чекор“. Скиентолозите следат низа курсеви кои ескалираат во едно напредно, мистично, повеќеслојно скиентолошко учење. Патот на учење е познат како премин, или „Мостот на целосна слобода“ или само „мостот“, а секој чекор од мостот ветува поголема лична слобода во некоја одредена област од животот.

Некои од основните принципи на Скиентологија:

– Личноста е бесмртно духовно суштество(тетан) кое поседува ум и тело.
– Тетанот живеел многу претходни животи и продолжува да живее по смртта на телото.
– Преку процесот на аудитинг(подолу објаснет) личноста се ослободува од „енграми“(болни, несвесни спомени) и „импланти“(слично на енграм) за да постигне состојба на „клиер“(анг. Clear) каде таа се ослободува од сите минати спомени, емоции и трауми, за на крај личноста да ја достигне состојбата на „Оперативен Тетан“ (ОТ) – кога се функционира независно од тежините на материјалниот универзум.
– Психијатријата и психологијата се лоши и навредливи.

Тајните за стигнувањето до нивоата на Оперативниот Тетан се учат во серија курсеви наречени нивоа или левели, означени со римски бројки од ОТ I до ОТ VIII, за кои Скиентолошката Црква има издадено строго доверливи насоки и документи. Хабард тврдел дека има напишано петнаесет ОТ нивоа(ОТ XV).

Има ли Скиентологијата позитивна страна?

Целта на применувањето на Скиентолошката психотерапија наречена „аудитинг“ е да се ослаби умот. Умот преоѓа од рационална во ирационална состојба, а конкретни содржини на потсвесниот ум излегуваат на површина, под претпоставка дека се валидни. Ова прави личноста да биде поосетлива на сугестија, бидејќи тоа ги претопува критичните мисловни делови на умот во делумна потсвесна состојба. Процесов резултира во перманентен лесен хипнотички транс, а во таква состојба личноста може да биде полесно контролирана и лесно убедена во се што ќе и се каже. Секако, оваа процедура се користи главно за да се наведат кандидатите постојано да се посветуваат на култот и материјално да се исцрпуваат. Во голем процент аудитингот се користи за да се дознае комплетниот сексуален живот на личноста, бидејќи кога се поседуваат снимени искуства, детали и фантазии од нечиј сексуален живот, или пак криминални животни искуства, тоа значи дека се поседуваат сосема доволно елементи за уцена, а со самото тоа и тотална контрола на личноста. Тука започнува теророт: лажни обвинувања и уцени од типот „Не би сакале некој да дознае дека имате љубовница нели? Тогаш поминете на аудитинг сесија“. Скиентологија теоретски го поткрепува своето постоење со објаснување дека им помага на луѓето кои сакаат да се чувствуваат подобро, на оние кои сакаат да ги решат проблемите и да го зголемат својот IQ. Но всушност, тоа е пирамидална хиерархија, игра на моќ која удира по егото на човекот и апсолутно не е засегната за индивидуалните карактери и нивните најразлични маани и проблеми.

Повеќе…

Read Full Post »

Older Posts »