ЗОШТО БИ МЕ ИНТЕРЕСИРАЛО МЕНЕ ЗА НЕКОЈА СИ ОТКАЧЕНА РЕЛИГИЈА?
Ова е најверојатно прашањето кое повеќето од луѓето го имаат, кога ќе им се каже за Скиентологијата. Дали некоја од нивните директиви или акции има директно влијание врз тебе? Одговорот е ДА. Ова и други прашања ќе бидат одговорени во продолжение на овој текст. За почеток, ќе минеме низ директивите кои ги има создадено Л. Рон Хабард, и како истите се користат за да се заобиколи законот, да се обезбеди нелегален статус на даночно ослободување, и да се уништат животите на многу луѓе.
Зар не е ова само говор создаден од омраза?
Анонимус движењето не е против религијата на Скиентологијата! Како слободни луѓе, имаме право да практикуваме било каков систем на верување по сопствен избор. Ова е едно од опсновните човечки права. Ние веруваме дека постои голема разлика помеѓу нечие верување и однесување. Кога однесувањето на една единка почнува да ги загрозува правата на друг, тогаш тоа однесување станува незаконско.
Анонимус не ја „мрази“ Скиентологијата, иако скиентолозите би сакале да поверувате во тоа. Нашиот следен протест е наречен „Операција: Повторно здружување“ , чиј фокус ќе биде повторно обединување на семејствата кои Скиентологијата ги има расцепено со својата директива за „дисконектирање – прекин“.
Нашата цел е да се подигне свесноста за злоупотребите направени од Црквата на Скиентологијата. Нашите акции се насочени кон оние на позиција на одговорност кои ги уништуваат своите верници преку лаги, присила и измама. Ние сакаме да ги спречиме оние кои ги оттргнуваат децата од родителите, мажите од жените, и брат од брат. Ние сакаме да престанат присилните абортуси, сакаме лушето етикетирани како ПИН (Потенцијален извор на неволји) да бидат ослободени од скиентолошките РПФ (Religious Project Force), односно затворски кампови. Сакаме Црквата да престане да се крие позади својот религиозен статус, кога веќе оперира како глобален бизнис наместо како црква.
Ние не протестираме против Скиентолозите познати како „Слободна зона“ (Frezoners)
Ние не протестираме против другата група на Скиентолози кои се нарекуваат себеси „Слободна зона“. Тие веруваат во технологијата на Л. Рон Хабард и на слободен начин практикуваат Скиентологија и аудитинг. Тие истотака, не им наплаќаат илјадници долари на своите членови и не ги употребуваат сомнителните директиви од Л. Рон Хабард или неговата Црква. Податоците се бесплатни за секој што сака да ги користи. Секако, Црквата на Скиентологијата не ја признава „Слободната зона“, но вториве, исто како и Анонимус, веруваат дека знаењето е бесплатно.
СПАСОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ ПО НИЕДНА ЦЕНА.
А. ФЕР ИГРА – FAIR GAME
ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ВО ВРСКА СО „FAIR GAME” Т.Е. ФЕР ИГРА
Највознемирувачкото нешто од Скиентолошките директиви, наречено „Фер игра“(Fair game), означува право на секој Скиентолог да малтретира кое било лице кое е декларирано како СЛ (супресивна личност) односно SP (suppresive person), или е генерално антагонистичен кон Црквата.
Л. Рон Хабард го создава овој закон на „Фер игра“ во 1965г. Луѓето етикетирани како „супресивни“ можат да станат предмет на овој тип на „фер игра“ одмазда.
Супресивната личност или група станува предмет на Фер игра. ФЕР ИГРА значи дека лицето, во иднина неможе да биде заштитено преку правилата, дисциплината и правата на еден скиентолог.
Подоцна, во Декември истата година, Хабард ја реиздава директивата
Фер игра, со дополнителни појаснувања за да го дефинира опсегот на Фер игра. Тој става до знаење дека оваа директива се применува и врз не – скиентолози. Тој изјавува:
Домовите, сопственоста, местата и престојувалиштата на лицата кои активно се обидуваат да ја супресираат Скиентологијата или Скиентолозите, се надвор од било каква заштита од Скиентолошката етика, освен ако не се исклучени од ова правило преку подоцна Етичка акција или амнестија… важноста на оваа Директива се проширува да ги вклучи и супресивните не–скиентолози сопруги и сопрузи или родители, или други роднини или непријателски групи или дури и блиски пријатели.
[1]
Како пример колку далеку бил спремен да оди Хабард, во 1965г. Размислувал да ја нападне IRS (Internal Revenue Service – Управа за јавни приходи во САД). На крај, Скиентолошката црква навистина ја напаѓа IRS, како и други американски и странски агенции, под името Операција Снежана (Operation Snow White). Тој им кажува на скиентолозите во неговата ХКК Директива од 2ри Април, 1965:
Доколку Управата за јавни приходи (со одбивањето на непрофитабилен статус на Основачката Црква на Скиентологија, Вашингтон ДЦ) продолжува со таков однос, или доколку FDA (Агенцијата за управување со храна и медицина) не тужи, ние секако може да им свикаме Комитењт за докази и ако најдеме дека се виновни, ќе ги етикетираме и ќе објавиме дека се Супресивна група и ќе станат предмет на Фер игра… Никој не е подложен на Фер игра, се додека тој или таа не тргне против нас.
Во 1967г., употребата на „Фер игра“ беше уште повеќе проширена во друга ХКК Директива од Октомври 1967 (ХКК Др 18 Окт 67 Издание 4, Казни за ниски состојби), во која Хабард ги дефинира казните за секој кој се смета дека е во „Состојба на непријателство“:
НЕПРИЈАТЕЛ – СЛ Наредба. Фер игра. Може да биде лишен од сопственост или повреден на кој било начин, од кој било Скиентолог без ризик од дисциплина за Скиентологот. Може да биде манипулиран, суден или лажен или уништен.
Во Германија се актуелизира дебатата за забраната на Скиентологијата, особено по излегувањето на филмот „Додека ништо повеќе не остане“, којшто е правен според вистинска приказна. Филмот со англиски превод може да се изгледа во целост на следната адреса: